Од галеријата на читателите - `До кога вака?`

 Во нашата редакција многу често пристигнуваат ваши фотографии како резултат на убвите впечатоци и моменти кои ги доживувате во Охрид. Убавината постојано ја споделуваме на нашата насловна страна, а она што денес пристигна до нас од наш читател не е резултат на восхит, туку на револт.

 `До кога вака?` напиша нашиот читател кој сакаше да остане анонимен. Револтот се однесува на непланското градење и узурпирање на јавни површини, а очигледен доказ за тоа е и оваа фотографија.

 Тоа не е единствена градба која го нагрдува просторот, и ова не е прва реакција, но ете останува прашањето кога и дали воопшто ќе се решат ваквите постапки, а со тоа и ќе се контролира човековата лакомост која ги преминува границите на нормите и пристојноста.