`Разурнати, но сепак се живот` - амбиенталната архитектура на селото Слатино

 
 Во нашиот Магазин секогаш има простор за охридските убавини, за она што го прави градот посебен, препознатлив и интересен за посетителите.

 Градот, но и неговата околина, нудат автентичност, препознатливост и простор за посета. Секој што посетил дел од Охрид или околината, посакал повторно да се врати и да ги оживее впечатоците. За да ве поттикнеме на прошетка или посета, ви нудиме уживање преку фотографии.



Нашиот сограѓанин Смиле Наумоски – Брсјак направи кратка сесија на фотографии од селото Слатино, кое деновиве го посетил, и како што вели, иако многу од куќите се разурнати, сепак тие се живот и најави дека ваков приказ на амбиентална автентична архитектура ќе ни понуди наредниов период низ фотографии и од други околни места во Охрид. 

Благодарност до него, што ни овозможи вакво уживање, кое ние ви го пренесуваме вам.