Отворен скратен број за СОС повици на планина

 Во пресрет на претстојната туристичка сезона, за СОС повици во случај на планински несреќи во охридскиот регион, отворен е скратениот телефонски број 13-112, на кој граѓаните од сите национални мрежи ќе можат директно да се обратат до Планинската Спасителна Служба, која делува на територијата од општините: Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани и Ресен.

 Отворањето на скратениот број е една од мерките за зголемување на ефикасноста, кои во следниот период ќе бидат имплементирани во рамки на проектот "Регионот Охридско Езеро - безбедна дестинација за авантуристички туризам", финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка и Министерството за Локална Самоуправа.

 Со отворањето на оваа линија, за прв пат, во еден регион од државата се воведува ваква пракса за директен контакт со Планинската Спасителна Служба при несреќи на планина.