Проекција на филмот `Лицата на Лафора` во чест на Денот на ретките болести

Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, во Охрид ќе се одржи проекција на филмот „Лицата на Лафора“.

 

Настанот ќе се одржи во петок, 22-ри февруари, со почеток во 18:00 часот во Јавната научна установа Институт за филм - Филмска Академија Охрид.

 

На проекцијата ќе присуствува и режисерот на филмот Денис Бојиќ, со кој присутните, по проекцијата, ќе имаат можност за разговор и дискусија.


 
 

Истиот ден по завршувањето на проекцијата на филмот во Ноќниот клуб „Хавана“ ќе се одржи забава на која посетителите ќе може да ги обојат своите лица со боите на ретките болести и со тоа да го дадат својот придонес во глобалниот настан @RareDiseaseDay.