Започна изградбата на спортската сала во ОЕМУЦ `Св.Наум Охридски`

 Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“  започна  изградбата на спортска сала, која се гради како дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со Локалната самоуправа.   

Спортската сала е  со големина од 650 м2  и комплетно опремена со потребните спортски реквизити, а динамиката за нејзина изградба ќе зависи и од временските услови.

Како составен дел на истиот проект предвидена е замена на постојната покривна конструкција на училиштето,како и замена на дотраената дрвена дограма со нова.Овие градежни активности ќе бидат реализирани до почетокот на учебната 2019/2020 година.









Извор: www.ohrid.gov.mk