Апел за помош! Охриѓани, да бидеме хумани и да помогнеме!

  Како и многу пати до сега, охриѓани се на потег повторно да ја покажат својата хуманост!

 На нашиот сограѓанин Целе Костоски кој неодамна настрада во инцидент со плинска боца, најитно му се потребни финансиски средства за оперативен зафат со кој треба да се подобри неговата здравстевна состојба!

Во моментов, единствен  начин на кој може да се донира се само неколку кутии поставени на извесни локации низ градот, во кафе-баровите План Б, Шила, Инстинкт како и во Техномаркет.

Помошта итно е потребна! Да бидеме хумани!