Денес се уредуваше просторот околу градското пристаниште

 На просторот околу Градското пристаниште и малиот плоштад до хотел „Александрија“, јавното претпријатие „Нискоградба“ денес работеше на уредување по повод  претстојниот верски празник „Богојавление - Водици“ и „Денот на рибарите“.

Вработените го чистеа снегот и ги уредуваа оштетените делови од подлогата од каде што влегуваат капачите по чесниот крст.
 


 


 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk