Младите василичари ја продолжуваат традицијата

 Ниту снегот, ниту ниските температури не им се проблем на младите василичари кои и вечерва со маски на лицата, групирани во дружини, шетаат низ своите маала,  со радост пеејќи ја познатата `Сива, сива Василица`..





 Домаќините топло ги пречекуваат, полнејќи им ги ќесињата со овошје, парички и колбаси како традиција на овој ден.

Нека е за Многу Години Православната Нова Година – Василица!
 

Сурова, сурова година
голем клас на нива,
голем грозд на лоза
жолт мамул на леса,
живо здраво до година.
до година до амина.