ЈП `Охридски комуналец` со апел до граѓаните: `Граѓаните да ги дислоцираат возилата и да го исчистат снегот пред нивните објекти`

  Поради најавените минусни температури во наредните денови, од ЈП "Охридски Комуналец"  апелираат и ги потсетуваат граѓаните на општина Охрид, куќните совети и сопствениците на деловните објекти за законската обврска која ја имаат за чистење на снегот од пристапните површини до нивните индивидуални, станбени и деловни објекти.

Посебно се потенцира обврската за дислоцирање на моторните возила од коловозните површини со цел да се овозможи успешно дејствување на ангажираната механизација.

Само со координирана акција и активно учество на сите чинители, снегот навремно ќе се расчисти и ќе се овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално функционирање на градот, стои во апелот на претпријатието.