Охрид во снежно руво

 Како што и беше најавено, ноќеска Македонија ја зафатија снежни врнежи кои се очекува да бидат поинтензивни овие два дена.

 Снегот е вистинска природна уметност за околината, бидејќи со него се создаваат неодоливи пејзажи, во кои секој ужива.
 Дневниот максимум денес во Охрид ќе достигне до 1 степен под нулата, вечерните температури ќе се спуштат до 4 степен под нулата.
Снежните врнежи се очекува да ги има во текот на денешниот ден и утре.





фото: Митко Лукан