И во с. Велгошти се организира Бадникова поворка (фото)

 Дечињата од с.Велгошти од претшколска возраст до 9-то одделение утрово се дел од Бадниковата поворка во Велгошти со која се најавува Христовото раѓање.

 Утрово верниците и учесниците во поворката се собраа пред црквата `Св.Димитрија` од каде беше закажано стартувањето на овој настан. Децата беа почестени со доручек и коледе во црковната кујна, а потоа подготвено се вклучија во поворката на чие чело секако дека е симболот на Христовата пештера.



Повроката од `Св.Димитрија` се движеше по главната улица во селото, се до црквата `Св. Пантелејмон`, каде на децата - учесници пригодно ќе им бидат доделени новогодишни пакетчиња.
 



Фото: Благоја Достиноски.