На Божиќ бесплатен паркинг за сите корисници во Охрид!

 На 7 јануари (понеделник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид  ќе биде бесплатен за сите корисници.

Од претпријатието го честитаат празникот на сите православни верници и им посакуваат многу здравје, просперитет и разбирање да се всели во нивните домови.

Нека е честит празникот и за многу години,  "Христос се роди“ - стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори„ - Охрид.