СРЕЌНА НОВА 2019 ГОДИНА!

 На прагот на Новата Година, како што е ред, сите споделуваме искуства, желби и надежи за новиот почеток.

 Почитувани читатели и пријатели,

 Ќе бидеме можеби стереотипни кога ќе изразиме искрени, чисти желби и мисли за сите вас во годината која следува. Нека ни донесе многу љубов, здравје, бериќет, и умешно да се справиме со сите предизвици и искушенија кои ги сервира животот.

Се надеваме дека годинава која изминува бевме интересни за вас, а секако дека така, и со стремеж за многу повеќе, ќе биде и во Новава Година. Постоиме за да внесеме ведрина, среќа, и задоволство кај секој од вас, а дали сме успеале во тоа, секако дека вие ќе го дадете најдостојниот одговор.

Лекциите за алтруизам и емпатија нека бидат водилки во сечиј живот. Што помалку омраза и гнев, а се повеќе ЉУБОВ!

СРЕЌНА НОВА 2019 ГОДИНА!!!



 
Ohridmagazine.com