Купете новогодишен украс, а не петарди!!!

 Традиционално и оваа година волонтерите на Црвен крст Охрид  од сите возрасти, изработија голем број новогодишни украси и сувенири кои во рамки на бројни хуманитарни продажни акции пред и за време на  Новогодишните празници ќе бидат достапни на нашите сограѓани.

 Со реализација на продажните акции младите ќе започнат утре, 22.12.2018 г. (сабота) на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски од 12:00 ч., каде волонтерите на Црвен крст Охрид од Клубот на млади и од Програмата на грижа за стари лица ќе ги продаваат прекрасните новогодишни уникатни, рачно изработени креации.

Средставата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на Новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства.

Декември е месец на дарување. Бидете хумани и дарувајте.

Купете новогодишен украс, а не петарди!!!