Не пропуштајте го утрешниот предновогодишен концерт на градскиот хор `Вокс Лихнидос`

Утре, (четврток, 20.12 2018 г.), мешаниот градски хор Вокс Лихнидос ќе го одржи најавуваниот предновогодишен концерт.  

 Концертот е закажан за 19 часот, а ќе се одржи во изложбениот салон на Центарот за култура `Григор Прличев`, под диригентската палка на Бурим Хидри.

Љубителите не само на духовната, хорска музика, туку и сите почитувачи на кулутурата и музичката уметност ќе имаат можност да уживаат во избор на духовни и македонски традиционални комозиции. Секако, во знак на новогодишните празници, публиката ќе слушне и празнични популарни композиции. Не го пропуштајте овој настан, кој сигурно ќе предизвика вистинско уживање за публиката.




фото: фејсбук