Промоција на Монографијата `50 години КУД Ѓердан - Охрид`

 Настан кој ви препорачуваме да го посетите и да си дозволите мигови на вистинско уживање и релаксација е промоцијата која е закажана за  23-ти декември, во недела, а ќе се случува во ресторан “Билјанини извори” со почеток во 12часот.

Станува збор за промоција на Монографијата “50 години КУД Ѓердан - Охрид”, чиј автор е  м-р Милчо Јованоски. Во оваа монографија се собрани многу моменти, настани и случувања  од текот на досегашното работење на Културно Уметничото Друштво “Ѓердан”.

 Годинава КУД Ѓердан одбележува 50 години од своето формирање, а за целиот досегашен работен век на друштвото “виновникот” е еден, и најзаслужен - Методија Бараковски, кој со присутните ќе сподели дел од своите впечатоци за целиот работен век на ова друштво.

Покрај тоа, за овој настан, како што не извести Бараковски, планирана е и културно-уметничка програма, во чии рамки ќе настапат младите играорки, оркестарот на Ѓердан, а свој настап ќе има и Петар Кочовски со својата хармоника.

Монографијата е во издание на НУ Библиотека `Григор Прличев`, а за печатењето беше задолжена `Летра дизајн` од Охрид. 

Бидете и вие дел од овој несекојдневен настан, и уживајте со сите сетила. Во недела, 12 часот, ресторан `Билјанини извори`.