Студено време во Охрид, но без поинтензивни врнежи од снег

 За денес во Охрид метеоролозите предвидуваат можни слаби снежни врнежи и максимална температура од само 1°С.

 Наредните денови ќе има благ пораст на дневната температура кој ќе достигне до 6°С, и повеќе сончеви периоди се до петок, кога се очекуваат и повремени врнежи од дожд. Дневната температура благо ќе се зголемува, а засега нема најави за поинтензивни снежни врнежи.