Охрид завиен во тага - денес последно збогум за Градоначалникот

 Денешниот ден е прогласен за ден на жалост во Охрид, поради прераната  смрт на охридскиот градоначалник, проф.д-р Јован Стојаноски. Тој ненадејно почина пред два дена, на 15.12.2018, на 48 годишна возраст.



 Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за денес се откажуваат. Во големата сала на општинската зграда со почеток во 10 часот ќе се одржи Комеморативна седница, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта од 12 до 14 часот.




фото: Ѓоко Симјаноски