Утре Вонредна, во понеделник Комеморативна седница на Советот на Општина Охрид

   Денес претпладне, (15.12 2018 г.) ненадејно, во возило на брза помош, на пат кон ЈЗУ „Кардиолошки завод“ - Охрид, почина Градоначалникот на Општина Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Општина Охрид, проф.д-р Јован Стојаноски, Советот на Оштина Охрид, на 16.12.2018 (недела), со почеток во 10 часот, ќе одржи вонредна седница, а на ден 17.12. 2018 г.(понеделник), со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница.

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ОХРИД, ПРОФ. Д-Р  ЈОВАН СТОЈАНОСКИ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ НА 17.12.2018Г. (ПОНЕДЕЛНИК), ОД 12 ДО 14 ЧАСОТ, ВО КАПЕЛАТА НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ВО ОХРИД.





извор: ohrid.gov.mk