Тажна вест: Почина Градоначалникот на Охрид, проф.д-р Јован Стојаноски

Претпладнево на 48 годишна возраст, ненадејно почина градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски. 
Како што дознаваме причината за смртта е срцев удар. 

Стојаноски е роден во Охрид, на 7ми август 1970 година.

 Мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски започна на 20.10.2017 година, после победата во првиот круг на Локалните избори 2017 година.

Пред да стапи на функцијата градоначалник Стојаноски беше професор со долгогодишна  кариера, со високо реноме и дигнитет на ФТУ Охрид. 
Зад себе остави сопруга и две полнолетни деца. 

Охрид изгуби еден ведар, пресретлив лик, секогаш отворен кон прашањата на граѓаните, градоначалник чиј спомен Охрид долго ќе го негува.

Нека му е вечна слава.