Основците од ОУ `Св. Климент Охидски`- Охрид најдобри на регионалниот натпревар во футсал

  Во рамки на Сојузот на училишен спорт, неодамна се одржа општински натпревар во футсал за ученици од основните училишта, по кој следуваше и регионален натпревар  во лига систем, на кој апсолутни победници се учениците од ОУ `Св.Климент Охридски`. Натпреварите се одржаа на крајот на минатиот месец.



  И на двата натпревари кои се одиграа во ОУ `Страшо Пинџур` во Вевчани, нашите основци извојуваа победа, а со одличен резултат завршија и на натпреварите во Охрид, кои се одиграа во спортската сала `Климент Колески`.

 После освојувањето на овие победи, учениците се подготвуваат за меѓурегионален натпревар, за чиј тек и резултати своевремено ќе ве известиме.