Фото на насловна - Охрид до почетокот на 80-те години од минатиот век

 Поглед на Охрид и Студенчишкото блато – фотографија која го прикажува Охрид во периодот до 80-те години на минатиот век.

За јавноста ја постираше Милчо Георгиевски во фејсбук групата – Охрид, слики од минатото.

 Ние со задоволство ги споделуваме спомените, потсетувајќи на сите убавини со кои растел и се развивал Охрид. Некои од нив се задржани во слична форма, голем дел, веќе и ги нема. Токму поради тоа, убаво е чувството кога ќе се споделат овековечени моменти, сведоци на нашата историја.