Билетите за големиот концерт на `Камелеон` веќе се во продажба

Ограничен број билети веќе се во продажба за големиот концерт на најдобрата охридска група Камелеон, кој ќе се одржи во сабота, на 29-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

- Бројот на седиштата во охридскиот Центар за култура е лимитиран и токму затоа повелете и обезбедете го побрзо вашиот билет за концертот, кој, според најавите, ќе биде еден од настаните кои ќе ги одбележи новогодишните празници во Охрид, но и многу пошироко, порачуваат организаторите.
 
Групата за концертот се подготвува веќе неколку месеци, а сите 17 песни кои ќе бидат изведени ќе добијат нови аранжмани.

- Гости на концертот ќе бидат: Горан Папаз, Ѓоко Танески, кој ќе изведе две песни, охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“, Џеват Рамаданоски и студенти од Факултетот за музичка уметност, кои ќе формираат квартет. Во екипата што цело време ќе биде со нас се и Жармена и Димче Китрозоски, Никола Тони, а пратечки вокали ќе се Ана Костадиновска и Сара Николоска, истакна на прес конференцијата со која го најавија настанот, вокалистот на бендот Драган Василески.

Членови на бендот покрај Василески се и Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски.
 
На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна која ги одбележа првите и  ќе ги најави новите 20 години од постоењето на групата „Камелеон“.

Билети во ограничен број и по промотивна цена од само 250 денари може да набавите во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, Мјузик Шоп ЗЗ топ или тезга „Аждер“ - охридска чаршија.

Време е за вистинско Новогодишно уживање!