Плажата Палас - 1961 година

 Од годините наназад и потсетувањето како изгледал градот Охрид и неговите знаменитости некогаш, ви нудиме една убава фотографија со приказ по кој речиси секој копнее – плажа со едно природно богатство и убавина која сега веќе ја нема, односно денес  преточена во друга форма.

Фотографијата е од приватната колекција на нашиот сограѓанин Климе Белкоски, и заслужено се најде и на нашата насловна страна.