Квалитетот на водата за пиење во Струга постепено се нормализира

 Состојбата со квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, а поврзано со вредноста на параметарот матност, постепено се нормализира.

 Вчерашните мерења на матноста на мерни места во градот Струга и во селата приклучени на градскиот водовод покажуваат дека вредноста за параметарот матност е во границите на законски дозволените вредности. Во тек се пошироки физичко-хемиски и микробиолошки анализи на земените примероци на вода за пиење во лабораториите на Центар за јавно здравје Охрид, после што наодите од анализите ќе бидат доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.