Борче Исакоски од Охрид прв на Републичкиот натпревар `Млади библиотекари`

 Вчера (16-ти ноември) во Демир Хисар во организација на Библиотекарското здружение на Македонија се одржа традиционалниот Републички натпревар `Млади библиотекари`.

Првото место го освои Борче Исакоски од ОУ `Христо Узунов` од Охрид под менторство на Санта Миткова. На второ и трето место се пласираа претставниците од Струмица и Радовиш. 



Годинава на натпреварот учествуваа 21 натпреварувач од цела Македонија.