Есенско зајдисонце

 За да се насладувате на убавините на Охрид, не мора да биде лето.

Охрид е волшебно убав во секој период од гдината, доволно е да се прошетате покрај езерските води и да го забележите отсјајот на сончевите зраци кои ѕиркаат меѓу облаците или го опсипуваат чистото небо.

Ние секојдневно ви нудиме пејзажи кои ја откриваат убавината на градот и езерото, и докажуваат колку златната есен го разубавува погледот. На есенското зајдисонце, уживајте во Охрид.