Фото на насловна - вовчето Кирчо

 Охрид со сите свои убавини, природни или создадени од човечки фактор, е препознатлив и свој, а сите негови белези се различни во засебни временски периоди.

Белег на Охрид, меѓу другото, во минатиот век било и вовчето `Кирчо`, со кое луѓето патувале до Кичево, Скопје итн.. патувањето траело долго и често пати вовчето било враќано на кривулестите шини, од човек кој специјално бил задолжен за тоа. А патниците, сепак биле задоволни и многубројни. Од Охрид до Кичево со Кирчо се стигнувало за `само` 7 часа.

 Ова е фотографија позајмена од фејсбук групата `Охрид слики од минатото`, постирана од Милчо Георгиевски, а фотографијата датира од далечната 1965 година.

Во 1972 година за возот е сниман и краток документарен филм.