Фото на насловна - Есенски пејзаж

 Есен е, а тоа е време кога природата е најбогата со плодови, но и шаренило од топли бои кои кројат прекрасни пејзажи.

 Еден таков пејзаж се наоѓа на местото на нашата насловна страна, а за него заслужна е нашата сограѓанка Лидија Стефановска, која секогаш умее на оригинален и креативен начин да ги долови убавините на Охрид, создавајќи фотографии за уживање и восхит.