Прва, уметничка колонија во Трпејца

 Од денеска до петок во Трпејца ќе се одржува Првата уметничка колонија „Трпејца, 2018“.

 На нејзиното прво издание учествуваат петмина уметници од Македонија: Гоце  и Владимир Илиески, Свето Стефаноски од Скопје , Ѓоко Симјаноски и Слободан Пупиноски од Охрид.Уметниците ќе творат во живописните предели во и околу Трпејца а во догледно време од создадените дела ќе биде отворена и изложба.

 Утре, уметниците ќе се дружат и заедно ќе сликаат  со учениците од подрачното ОУ „Св.Наум Охридски“ во Трпејца.

 Иницијатор и организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“ финансиски помогнато со средства  од проектот Нов културен бран на Министерството за култура на РМ.  

 
 
Организаторите планираат колонијата да стане традиционална и да биде интернационална.