Првиот есенски ден со летни температури

 Првиот ден од календарската есен во Охрид донесе сончево и топло време со максимална темперстура до 26˚С.  

 Според метеоролозите слично време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден, додека од вторник следува драстичен пад на дневните температури, па дневниот максимум се очекува да изнесува само 15˚С. 
 
Освежувањето ќе трае до петок кога ќе има благо затоплување, па токму поради ваквите најави, подготвено дочекајте ги температурните промени кои се најголем фактор во развивањето вируси и настинки.