Рождество на Пресвета Богородица - Мала Богородица (дополнето)

 Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица е еден од најголемите празници во православието, и секогаш се прославува на 21ви септември.

 Во чест на овој ден, спроти празникот, но и на денот на празникот, масовно се посетуваат храмовите кои го носат името на Пресвета Богородица. Едни од најпосетените се манастирот во Калишта – струшко, како и црквата Св. Богородица во село Злести.


Синоќа верниците масовно го посетуваа манастирот во Калишта

 Денес покрај поклонувањето пред иконата на Пресвета Богородица, верниците ќе уживаат и во музиката и посната трпеза која се организира во предворјето на црквата во Злести.

Црквата во село Злести, денеска