Подготвувањето зимница - традиција во изумирање?


 Септември и октомври се месеците кога се подготвуваме за зимата. Секако дека пред се, тука спаѓаат подготвувањето на ајвар, туршија, слатко и друг вид производи неопходни за зимата.

 Но, како што минува времето, од година до година, граѓаните се поретко подговтуваат зимница, со образложение дека доколку нешто им затреба, може да си го набават од продавница по сосема пристапна цена, наместо дома на големо да подготвуваат.

 Причината за ваквиот третман кон зимницата секако дека е пред се, времето во кое живееме, модерниот начин на живот, но и слабото производство на земјоделски производи и нивната понуда на пазарот.
Токму поради тоа, граѓаните се ставени пред избор – да подготвуваат самостојно а тоа значи трошење работна сила, време, дрва и слично, а наспрема тоа пак едноставно пресметките ги доведуваат до полесниот начин на подготовка – купување готов производ.

 Како и да е, спремањето зимница е традиција во бавно изумирање,  која се негувала години наназад, а настанала во време кога луѓето навистина мошне тешко можеле да си овозможат во текот на зимата да стигнат до готов производ без претходно да го подготват самите.