Успешна реализација на крводарителската акција организирана од страна на Црвен крст Охрид и Тамаро маркети

 
 36 собрани единици крв беше епилогот на вчерашната крводарителска акција во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со маркети Тамаро.




 Радува фактот што 5 крводарители на оваа акција за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.
Црвен крст Охрид изразува благодарност до маркети Тамаро и вработените кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност, како и до Центарот за култура „Григор Прличев“ кој овозможи простор за одвивање на крводарителската акција.