Вклучете се и вие во големата крводарителска акција на Црвен крст Охрид и Тамаро маркети


 Црвен крст Охрид ја најавува традиционалната крводарителска акција која во соработка со ТАМАРО МАРКЕТИ ќе се реализира на 15.09.2018 г. (сабота) од 10-14 ч. во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид.

 Со цел да се задоволат потребите за крв и крвни продукти во здравствените установи во Охрид ги  покануваме нашите хумани сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција и заедно со вработените во маркетите ТАМАРО ја даруваат драгоцената течност. Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични производи подготвени од партнерот на оваа крводарителска акција ТАМАРО МАРКЕТИ. Секој крводарител маркети Тамаро ќе го изненадат со подарок. - информираат од Црвен крст Охрид.