Во вторник и среда ќе се врши запрашување против комарци

  Центарот за јавно здравје Охрид ги известува граѓаните кои одгледуваат  пчели на подрачјето на општина Охрид, дека на ден 11.09.2018 (вторник) и  12.09.2018 (среда) екипите на Центарот за јавно здравје ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.

 Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежје на потег од с.Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потегот на реката Грашница и Коселска Река.

 Во контекст на оваа информација, од Центарот апелираат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
 Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен период.

 За сите информации и прашања, отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Охрид е 231 881 и 230 231.