8-ми септември неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

 Министерството за труд и социјална политика соопшти дека сабота, 8 септември, Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството им го честита Празникот на граѓаните.
 
Денот на независноста на Македонија ја слави  сувереноста, независноста и самостојноста на Републиката и македонскиот народ.