Жителите на улицата `Александар Турунџе` денови наназад се соочуваат со рестрикција на водата за пиење

 Жителите на охридската улица `Александар Турунџе`, испратија допис до нашата редакција со реакција за МЈП Проаква Водовод  – Охрид, за како што велат, слабиот дотек на вода за пиење до нивните домаќинства. Имено, денови наназад жителите на оваа улица се соочуваат со слаб дотек на вода или целосно се исклучени од водоводната мрежа.

  Поединци лично во Проаква побарале да се реши овој проблем, за да  може непречено да ги извршуваат секојдневните обврски и хигиенски навики, при што кога им била пуштена водата, од големиот притисок пукнал вентил и им направил штета во домот. И сето тоа траело ден-два. Денес  граѓаните повторно  се жалат на слабиот дотек на вода за пиење.
  Со својот допис апелираат до Проаква што поскоро да се реши  проблемот, кој, во времето во кое живееме, не смее да биде присутен.