Голем подвиг на малиот Херој – Марко го преплива Охридското Езеро!

Денешниот Голем ден, празникот Голема Богородица, ќе биде запишан во историјата на убавите случувања  за Охрид и Детето –Херој Марко.

  Тој не случајно го одбра овој празник  да го штити и да му помогне во неговиот голем и несекојдневен подвиг – да го преплива Охридското Езеро.

Марко Пејчиновски пливаше од Свети Наум до Охрид околу 9 часа, стартуваше утрово во 09:30 часот, за да финишира на Градското пристаниште околу 18:20 часот.



 Ова 12-годишно дете ги игнорираше сите можни препреки, и со целосна самодоверба, спортски дух и срце, заплива во брануваните води, и мошне сигурно, цврсто и добро се држеше се до целта.

 Браво Марко! Имај среќно детство, порасни во здрав и храбар човек, и секогаш постигнувај успеси како денешниот - остварувајќи ги своите поставени цели!

Честитки за Марко!!!


фото: фејсбук, Ohridnews