Неискористена убавина во заминување - фонтаната кај Чинарот


 Охрид е волшебен, но не и совршен. Всушност, природата е совршено убава, а сите човечки грешки и фактори влијаат на делот кој се вика `несовршено`.. тоа не се однесува само на нашиот град, туку и на се она каде што човекот може да влијае и дејствува.



 Многу пати јавно се инсистираше на тоа да се обрне внимание на фонтаната која е направена со цел да го краси просторот уреден кај стариот Чинар, но наместо тоа, фонтаната целата оваа сезона остана само студен  бетон без да ја врши својата примарна улога, а сето тоа секако дека е резултат на човечки фактор. Без вода, таа не придонесува за  убав изглед, напротив, дури и ја нагрдува сликата околу Чинарот.

 Надлежните институции го занемарија ова парче убавина и наместо да се погрижат и да го санираат проблемот, останаа глуви на јавните повици да сторат нешто повеќе во текот на туристичката сезона, кога секој посетител ужива во овековечувањето моменти покрај природните и создадени убавини.