Средба со Славе Николовски Катин во НУ Библиотека `Григор Прличев` - Охрид

 Во организација на НУ„Григор Прличев“ – Охрид на 22 август (среда) во 12 часот во Прличевата одаја ќе се одржи средба со новинарот, публицист, истражувач и преведувач Славе Николовски Катин. 

Поздравна реч ќе одржи директорката на библиотеката Гордана Змејковска, воведничар ќе биде Милчо Јованоски.

За творештвото и животниот пат на Катин ќе говорат проф. д-р Томе Груевски и новинарот и публицист Свето Стефаноски.