Вчера се одржа вториот Интернационален Олимписки пливачки маратон на 10км Охрид 2018


  Осум пливачи - 5 во машка и 3 во женска конкуренција од четири земји (Унгарија, Чешка, Србија и Македонија) беа учесници на вториот Интернационален Олимписки пливачки маратон на 10км, кој во организација на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 Охрид, се одржа вчера на Охридското езеро.
  Со два старта - во 12ч за мажи и во 12:05ч за жени, се пливаа десет должини на патека од 1км од старото пристаниште до хотел Милениум. Прв на целта со време од 2 часа 2минути и 47 секунди пристигна Унгарецот Петер Галиц, второпласиран беше Чехот Мартин Страка, а третопласиран Србинот Борислав Фермановиќ.
во женска конкуренција првото место со време од 2 часа 36 минути и 41 секунда го освои Јована Јечански од Србија, второпласирана беше Јана Ангеловска од Македонија, а Бојана Фермановиќ од Србија се откажа после препливани 6км.
Свечената церемонија на доделување награди во присуство на градоначалникот на Охрид и претставници на Општина Охрид, како и претставници на генералниот спонзор на маратонот, Макпетрол АД Скопје, се одржа во хотелот Сити Палас. Наградниот фонд на овогодинешниот Олимписки пливачки маратон беше 2 000 евра.
Учесниците на пливачкиот маратон, нивните тренери и присутните изразија благодарност и пофалби за целата организација на настанот.