Настан кој задолжително треба да го посетите ова лето - Маратон на комедијата!

  Ова лето културната програма на градот Охрид ќе биде збогатена со малку поинаков настан -Summer Comedy Marathon.
 

 Се работи за интензивна програма на блок комични настани со почеток од денес, (понеделник 23.07) и траење од три недели. Домаќин на настанот ќе биде култниот охридски клуб Jazz in, кој сè повеќе се афирмира како место кое нуди квалитетна комична програма.

  Во текот на неделата публиката ќе има можност да гледа седум комични шоуа со различен жанр: stand up, кабаре и театарска импровизација. Присутните ќе бидат забавувани од веќе афирмирани професионалци, но и од група нови комичари. Повеќе детали за поединечната програма и учесниците можат да се најдат на следната fb страна: www.facebook.com/events/231620694023899/

  Билетите се со цена од 200 денари и можат да се набават во Мјузик Шоп ЗЗ Топ. Со секој купен билет добивате можност да погледнете уште едно шоу гратис по ваш избор, со исклучок на ИМПРОВОКАЦИЈА.
Тимот на Summer Comedy Marathon Ве предизвикува да ја тестирате издржливоста на вашите стомачни мускули.