На Ева се уште и е потребна нашата помош! Да донираме, да го спасиме младиот детски живот!

  На нашата сограѓанка Ева Крстаноска, се’ уште и треба наша помош!
Недостасуваат средства за лекување на 11 годишното девојче кое  боледува од леукемија и потребно е да и се изврши итен оперативен зафат во Германија.


„Лекувањето на нашата Ева во Германија е се уште неизвесно. И покрај нашето инсистирање за лекување на Ева во клиника во Германија, фондот одобрува 145.000 евра за лекување во Турција. На поднесената жалба за пренасочување на одобрените средства за лекување на клиника во Германија, веќе недела дена немаме повратен одговор од Фондот за здравство. За Ева секој ден е борба, секоја минута е многу важна.“ - стои во известувањето.

Се молат сите хумани луѓе да помогнат, да се обезбедат потребните парични средства за лекување на Ева, со тоа што може да донирате на следните телефонски броеви:
143 116 ТЕЛЕКОМ
143 502 ВИП
Сите да донираме, да бидеме хумани!