Синоќа заврши меморијалниот турнир во мал фудбал ˵Ѓоко Чингоски˵ во с. Велгошти (фото)

Синоќа се одржа финалето од меморијалниот турнир во мал фудбал ˵Ѓоко Чингоски˵ во село Велгошти.

  Во финалната игра силите си ги одмерија екипите на Пица Атлантик и Мир Мисс, а со победнички успех се закити екипата на Пица Атлантик која го  совлада противникот со 5:2.






  Пред започнувањето на финалните натпревари, свое обраќање до присутните имаше  синот на Ѓоко Чингоски, Кристијан, кој ја изрази својата болка, но од друга страна и благодарноста кон организаторите кои на овој начин ќе го сочуваат од заборав споменот на неговиот татко.



  Се надеваме дека овој настан, на кој годинава  учествуваа над 30 екипи, ќе стане традиција, а тоа ќе биде и можност за докажување на многу млади фудбалски таленти.

Фотографиите ни ги испратија наши млади читатели, кои присуствуваа на натпреварите.