Промовиран романот „Виори низ сонот и фантазијата„ од Георги Ставрески

 Вчера со почеток од 18ч. во просториите на Црвен Крст Охрид беше одржана промоцијата на младиот автор и волонтер на Црвен Крст Охрид Георги Ставрески, насловен како „Виори низ сонот и фантазијата„.


 Пред преполната сала присутни свое обраќање имаше самиот автор Георги Ставрески и промоторите проф. Вангелко Лозаноски, наст. Љубица Чифлигароска и м-р Ивана Рилкова Томеска.
  • Првичната замисла пред околу  4 години ми беше да напишам романче, бидејќи најмногу уживав читајќи прозни дела, а неговата тематика да бидат лудориите во летниот распуст во кои тогаш уживав. Меѓутоа секој нов збор, нова реченица ми внесуваше нова идеја. По некое време ја поставив фабулата и замислата по која ќе се движи дејството во овој роман.Учев средно медицинско кое бараше ангажман и посветеност, а останатото беше во заден план. Веројатно затоа ја имав оваа година неочекуваната пауза од образование, а тоа ми даде можност замислената фабула, да добие содржина. Тргнав од идејата што и да напишам да биде уникат, невидено, ново, оригинално. И сите Вие кои ќе го прочитате овој роман ќе осознаете зошто е оригинален. – истакна Георги Ставрески
  • Младата генерација поети, писатели во Македонија, носат нови теми и содржини во македонската литература, а во таа група е и младиот и перспективен писател Георги Ставрески, од градот на Прличев, Охрид, и го  зацртал својот творечки пат, како Прличев, од мистичниот Охрид кој ја возбуди и потресе Атина и да биде добитник на лаворовиот венец. – кажа проф. Вангелко Лозаноски
  •      Ставрески кога го прочитав насловот на книгата во мене се побуди љубопитство и интерес за да го прочитам и да ја откријам поврзаноста меѓу сонот и вистината кои секогаш се раѓаат во човечката потсвест. Така знам дека и сите вие кои ќе ја земете оваа книга во вашите раце ќе ве натера со голема љубопитност,  радозналост содржината да ја прочитате во еден здив. – кажа наст. Љубица Чифлигароска
  • Целосно внесени во приказната ни станува по малку жал бидејќи сонот завршил, а реалниот живот продолжува. Овој роман несомнено се вбројува во делата кои се читаат брзо и во еден здив, а долго се паметат. – истакна м-р Ивана Рилкова Томеска.