Студиото за танц "Соната" блесна "Во свој филм"

 Салата во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид синоќа беше претесна за љубителите и пријателите на танцот, кои уживаа во премиерата “Во свој филм” на студиото за танцување “Соната”.
Годишниот концерт премиерно се одржа вчеравечер, а вечерва ќе се  емитува репризно во истиот термин – 20 часот во Центарот за култура.



 
Одлични кореографии и сценски настапи, позитивна енергичност, насмеани лица и вистинска магија на подиумот.. сето тоа го уживаше публиката синоќа, а за оние кои пропуштија, вечерва побрзајте од 20 часот следува репризното издание на годишниот концерт на студиото “Соната”.