Утре (среда,20.06 2018) прекин во водоснабдувањето на неколку улици од централното градско подрачје

  Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека поради приклучување во водоводна мрежа на повеќе објекти, утре, среда 20-ти јуни, од 08:00 до 13:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на повеќе улици од централното градско подрачје и стариот дел на градот.
 

 Прекинот ќе биде на улиците : „ Димитар Влахов“ , „Мите Богоески“, дел од „Партизанска“, „Климент Охридски“, „Страшо Пинџур“, „Серафим Китаноски“, дел од „Македонски Просветители“, „Климентска “ до пресекот со „Нада Филева“, „11ти Октомври“, „Аргир Маринчев“, „Бранко Шотра“, „Цар Самоил“, „Коста Абраш“, дел од „Илинденска“ и дел од „Славеј Планина“.