Одлични настапи синоќа на младите актери на Црвен крст Бар и Црвен крст Битола во рамките на ВДИШИ ТЕАТАР

 Со поучна приказна за алкохолизмот и последиците од него младите актери на Црвен крст Бар, Црна Гора се претставија на третиот ден од овогодинешниот театарски фестивал „Вдиши театар“. 

 Тие вчера во 19 ч. на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ ја изведоа претставата „Црвена сфера на плава лагуна“ со која на оригинален и сликовит начин ги прикажаа проблемите на едно семесјтво во кое таткото е алкохоличар.







 На третиот ден од „Вдиши театар“ свој настап имаше и театарската група на Црвен крст Битола која во 21 ч. ја изведе претставата „Аферите на Џон“.

 
На многу креативен начин младите талентирани актери го прикажаа проблемите со кои се соочува главниот лик Џон, заради „двојниот“ живот кој го води и комичните ситуации со кои се обидува да ги реши проблемите.








 
 Вечерва, на четвртиот и последен ден од овогодинешниот театарски фестивал „Вдиши театар“ настапуваат театарските групи на Црвен крст Ужице и Црвен крст Крагуевац кои се гостуваат  на сцената во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид со претставите „Сузе и солзи“ и „Луѓе во црно“.