Дуото флејти Богданоска - Беќири одржаа концерт “Во светот на децата” во ОУ “Дебрца” с. Мешеишта

 Светлана Богданоска и Лејла Беќири се две успешни флејтистки кои дипломирале во класата на професорката Станковска, на ФМУ – Скопје. Лејла Беќири магистрирала на Музичката академија во Нови Сад, Србија, во класата на проф. Лаура Леваи Аксин.

 И двете го надоградуваа своето знаење посетувајќи работилници и семинари кај Илија Зимбо со кого имаа долгогодишна соработка, но и кај други истакнати домашни и светски музичари. Тоа кај нив резултираше со многубројни награди и признанија како во Македонија, така и надвор од границите на нашата земја.


 
 Денешниот концерт насловен "Во светот на децата", кој се одржа во Основното училиште во Мешеишта,  беше посветен на децата и имаше за цел да ги релаксира и забавува токму нив, помладите, учениците од Општина Дебрца, па на програмата беа застапени дела од познатите цртани филмови: Пепелашка, Аладин, Убавицата и Ѕверот, Покахонтас и други.


 
 Влезот за концертот беше слободен, а истиот се одржа со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.